Erdoğan Çağatay Zontur
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турција испрати помош во медицински материјали во Сомалија за да ѝ помогне на земјата во борбата против ширењето на новиот вид коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воениот авион од типот „А-400М“ со помошта, која вклучува носилки, кревети и прекривки, полета од воениот аеродром „Етимесгут“ во главниот град Анкара.
Во саботата, Турција испрати уште еден контингент медицински материјали до Сомалија, меѓу кои и новите вентилатори од домашно, турско производство.
По сеопфатните напори на Турција за развивање свои медицински вентилатори, кои вродија со плод минатиот месец, Сомалија - која имаше недостаток на овие уреди, што се клучни во борбата против коронавирусот - стана првата земја во која беа испратени вентилаторите.
На пакетите со медицинската помош стоеше турскиот претседателски печат заедно со турското и сомалиското знаме и познатата изрека на поетот и мистик од 13 век, Мевлана Руми: „По очајот постои надеж, и многу сонца по темнината“.