Esin Işık
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
АНКАРА
Во Турција во последните 24 часа е потврдено заразување со Ковид-19 кај 1.396 лица, додека од вирусот починаа 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците кои на Твитер ги соопшти министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, а кои се достапни и на страницата на Министерството, денес се извршени 51.198 тестирања, а заразувањето е потврдено кај 1.396 лица. Во последните 24 часа починаа 19 лица, а излекувани се 1.492.
Вкупно се извршени 3.186.622 тестирања. Заразувањето е потврдено кај 194.511 лица, а бројот на починатите достигна 5.065.
На одделот за интензивна нега се наоѓаат 963 пациенти, додека на респиратор се врзани 382 пациенти. Вкупно се излекувани 167.198 лица.
Министерот Коџа соопшти дека бројот на новозаразените кој во среда изнесуваше 1.492, денес е намален на 1.396, додавајќи дека бројот на оздравените е поголем од бројот на новозаразените.