Erdoğan Çağatay Zontur,Dilara Hamit
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека во текот на последните 24 часа, 2.297 лица во Турција оздравеле од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа во објава на Твитер соопшти дека во земјата во текот на изминатиот ден се регистрираи 1.053 новозаразени лица, со што вкупниот број на потврдени случаи на заразување од Ковид-19 во Турција изнесува 207.897.
Коџа изјави дека бројот на оздравени лица се искачил на вкупно 185.292.
Тој изјави дека бројот на нови пациенти кои се во болница е еднаков на бројот на оние кои ги напуштаат болниците и дека ситуацијата е иста со интубираните пациенти.
Вкупниот број на починати лица од последиците на Ковид-19, изнесува вкупно 5.260, при што во последните 24 часа се регистрирани 19 нови жртви.
Бројот на активни случаи во земјата е помал од 17.350.
Вкупниот број на извршени тестирања за Ковид-19 изнесува околу 3.73 милиони, при што вчера беа извршени над 50.500 тестирања.
До сега во светот се потврдени повеќе од 11,66 милиони лица заразени со Ковид-19, а бројот на оздравени надминa 6,33 милиони, покажуваат податоците објавени од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“.
Бројката на починати од Ковид-19 на глобално ниво изнесува 539.058.