Firdevs Bulut
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Нема моментален план за откажување на фудбалското натпреварување Лига Европа, што беше суспендирано поради пандемијата на коронавирусот, истакна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чеферин за „Беин спортс“ (beIN Sports) изјави дека УЕФА не сака да се фокусира на негативни сценарија.
„Работите можат да се влошат или да се подобрат. Треба да останеме позитивни и да се надеваме дека работите ќе бидат подобри. Имаме конкретен план да ги завршиме европските лиги. Ќе играме без гледачи и ќе ги завршиме сезоните. Засега не размислуваме да ги откажуваме куповите на Европа“, рече тој.
Имаме планови да ја завршиме сезоната во август.
„Во светот сè може да се откаже во кое било време поради Ковид-19 или пак не. Не знам што ќе се случи во наредните два месеца. Но, ако работите продолжат како што е, сигурен сум дека ќе ја завршиме сезоната во август. Во однос на националните лиги, нивната судбина ќе ја одлучат самите. Но, верувам дека најмалку 80 отсто од нив ќе ги завршат сезоните. Оние кои нема да ја завршат сезоната ќе играат во прелиминарните натпревари на европските купови. Треба да го земат предвид тоа“, додаде Чеферин.