Amina Zorniç
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
САРАЕВО (AA) - По повод веста дека Фудбалскиот сојуз на Косово е примен во членството на Европската фудбалска организација (УЕФА) на своите официјални страници се огласија неколку косовски функционери, јавува Anadolu Agency (AA).
На Тwitteru се огласи и министерот за европски интеграции на Косово Беким Чолаку, нарекувајќи го денешниот ден "остварување на големиот сон".
"Косово е избрано за нова членка на УЕФА. Големиот сон се оствари!. Неверојатно е да и се приклучиш на Европа во овој голем спорт", напиша Чолаку.
"Здраво УЕФА! Од Косово со љубов!", напиша Влора Цитаку, амбасадорката на Косово во САД.
На честитките на Твитер им се приклучи и амерканскиот амбасасор во таа земја, Грег Делави.
"Ксово е во УЕФА. Братска честитка, еден голем лајк за сите оние кои работеа и го постигнаа овој значителен успех", напиша на својата официјална Facebook страница Еди Рама, премиерот на Албанија.