Adil Bedirhan YÜCEL
22 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
АНКАРА (АА) - Агенција Анадолија (АА) доби шест награди на 25. Меѓународен натпревар за вести и видеа „Зум“ чии победници ги објави Турската асоцијација за вести и видеа.
Ајтекин Полател, претседателот на Асоцијацијата, на прес-конференција рече дека Асоцијацијата го организира натпреварот веќе 25 години.
„Новинарите дојдоа до точка каде го жртвуваат животот за да ја информираат јавноста, и тие служат ставајќи го животот во ризик. Во извршувањето на своите должности некогаш се подложени на реакции, некогаш добиваат пофалби, но тие никогаш не ја прекинаа својата должност да ја информираат јавноста, што е нивна главна работа“, рече Полател.
Нагласи дека видеата што ги прават ги натерале земјите да донесуваат одлуки за војна и мир, посочувајќи дека новинарите ги вршат своите задачи на најопасните места во светот.
- 95 дела од 5 земји -
Потсетувајќи дека не биле во можност да го организираат натпреварот во изминатите две години поради пандемијата на коронавирусот, Полател рече: „Оваа година, 95 дела од пет земји учествуваа на натпреварот, а победниците беа избрани од жирито на 1 март 2021 година.“
Тој додаде дека иако конкурсот отсекогаш имал пет категории, оваа година, тие се зголемени на девет: „Видеовест од дрон“, „Видеовест со дрон од фриленсери“, „Серија вести“ и категоријата „Почесно споменување“.
Хишам Абу Шакра од Агенција Анадолија беше награден во категоријата „Слика на годината“, Бестами Бодрук во категоријата „Специјални вести“, Јасин Дикме во „Спортски вести“, Вурал Елибол во „Серија вести“, Озкан Билгин во категоријата „Вести без дрон“, додека Озгур Тиран и Уфук Ертоп ја добија Специјалната награда на Синдикатот Шекер-Иш.
- Специјалната награда му припадна на Азербејџан -
Специјалната награда ја доби дописникот на државната азербејџанска телевизија Анар Шушали, снимателите Илкин Мехтиев и Дашгин Абдулаев во име на дописникот на државната Азербејџанска новинска агенција Мехрем Ибрахимов и камерманот на државната телевизија на Азербејџан, Сирак Абишов, кои починаа од нагазна мина поставена од ерменските сили додека известуваа од регионот Калбаџар во Азербејџан.
Специјалната награда на жирито ја доби Турското полициско радио.
На Туркер Бекташ и Ѓулер Демир им беше доделена наградата за лојалност во професијата.