Gözde Bayar
18 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
ВАРШАВА
Турција донира финансиски средства на Фондацијата „Аушвиц-Биркенау“ во Полска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тунџ-Угдул, турскиот амбасадор во Полска, предаде донација од 30.000 евра на Пјотр Цвински, директорот на Државниот музеј „Аушвиц-Биркенау““, објавија од Амбасадата на Република Турција во Варшава.
„Турција за време на Втората светска војна спаси многу Евреи од холокаустот“, наведуваат од Амбасадата, и додаваат дека ќе продолжат да пружаат поддршка и да даваат придонес на Фондацијата.
Генералното собрание на ОН во 2005 година го прогласи 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот. „Аушвиц-Биркенау“, најголемиот нацистички концетрационен логор во Втората светска војна, е ослободен на 27 јануари 1945 година.
„Меѓународните настани по повод сеќавањето на холокаустот се одржуваат во нашата земја од 2011 година, под покровителство на високопозиционираните државни функционери“, истакнаа од Амбасадата.
Се додава дека Дирекцијата за комуникации на Турција во соработка со Фондацијата „Аушвиц-Биркенау“ изработила веб-страница за подигање на свеста за холокаустот.
„Турција ги повикува сите страни да пружат секаков вид поддршка за долгорочно конзервирање и обнова на спомениците и музеите во „Аушвиц-Биркенау“. Тоа е заедничка одговорност на целото човештво“, истакнаа од турската Амбасада во Варшава.
Во соопштението се нагласува дека на Меморијалниот музеј „Аушвиц-Биркенау“ му е потребна поддршка поради финансиските проблеми предизвикани со пандемијата на коронавирусот.
Повеќе од милион Евреи се погубени или починаа во злогласниот концентрационен логор „Аушвиц-Биркенау“ за време на Втората светска војна.