Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
АНКАРА (АА) -Училницата во Стратфорд ен Ејвон, во која познатиот писател и поет Вилијам Шекспир следел настава, за јавноста ќе биде отворена овој викенд.
Според ивештајот на Би-би-си, за реновирање на училницата во училиштето „Крал Едвард VI", во која се верува дека во 1570 година Шекспир следел настава, потрошено е 1,8 милиони фунти (2.278.893,88 евра).
Училницата за јавноста ќе биде отворена по повод 400-та годишнина од смртта на Шекспир.
Се верува дека Шекспир основното образование го стекнал во таа училница, но нема податоци за учениците од 16-от век кои таму ја следеле наставата.
Професорот на Универзитетот, Варвик Рони Мулрајн, рече дека „речиси се убедени" во тоа дека Шекспир во таа училница посетувал настава до 14 -15-годишна возраст.
Покрај тоа, постојат тврдења дека таткото на познатиот поет, Џон Шекспир, кој бил бизнисмен и член на локалниот општински совет, работел во истата зграда.