Senita Şeherçehayiç
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
КАРЛИСЛ (AA) -Илјадници куќи се поплавени во текот на минтиот викенд по излевање на реката Еден во градчето Карлисл, во Кумбрија, во северозападна Англија, јавува Anadolu Agency (AA).
Олујата Десмонд, која за два дена донесе повеќе дожд отколку што паѓа во текот на селиот месец во овие делови на Англија и Шкотска, остави 55. 000 домаќинства без напојување со електрична енергија.
Британската војска и институциите за спасување работат на евакуација на населението заробено во поплавените објекти.
Во период од петок наутро до недела во исто време, во пестото Шап во Кумбрија, падна 262,6 милиметри дожд.
Во деловите на Кумбрија повеќе од илјада луѓе евакуирани се од нивните куќи, додека на децетици илјади куќи останаа без електрична енергија, а градчето Карлисл е едно од најзагрозените подрачја.
Во одредени делови на Кумбрија и Нортхамберленд нивото на водата досегна до првите катови на куќите вчера наутро.
Центарот на градчето Аплеби потполно е поплавен, а според локалните пожарникари и спасувачки тимови, ваквата состојба не се памети во последните 30 години.
Британскиот премиер Дејвид Камерун во недела испрати војска за да помогне во спасување на луѓето и материјалните добра.
Возовите во поплавените подрачја се суспендирани, а алтернативен превоз не е организиран поради тешките услови на патиштата.