Hasan Esen
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Мартин Шулц, изјави дека со голема тага ја прифатил одлуката на Англија за излез од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) и Претседателска конференција на ЕП која ја сочинуваат лидери на групи, утрово се собраа по одлуката на Англија да ја напушти Европската унија. По состанокот изјава даде претседателот на ЕП, Мартин Шулц и соопшти дека за наредните чекори во вторник следната недела закажана е Претседателска конференција.
Шулц изјави дека е јасен ставот на ЕП кон резултатите од референдумот во Велика Британија.
„Одлуката на народот на Велика Британија да излезе од ЕУ го прифатив со голема тага. Но тоа е независна одлука на народот", рече Претседателот на Европскиот парламент Шулц.
Претседателот на ЕП го потенцираше наредниот период поврзан со дефинираните договори, особено поради најавената оставката на англискиот премиер Дејвид Камерон на Конгресот на Конзервативната партија во месец октомври.
Шулц рече дека ЕП е подготвен во наредниот период да даде свој позитивен придонес. Тој истакна дека во оваа фаза битни се стабилноста на Англија и стабилноста на ЕУ со останатите 27 земји-членки. Според Шулц, во следните месеци, останатите 27 земји-членки треба да решат како ќе ја заштитат Европската унија, особено евро-зоната.