Dzihat Aliju
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
БИТОЛА (АА) – Џихад Алиу –
Џамијата Хајдар –Кади, која се наоѓа во Битола, град кој се смета за главен центар на османлискиот период во Македонија, брои денови до враќање на нејзината слава.
Привршува рестарвацијата на џамијата, која од страна на тогашното население била наречена „Балканска Принцеза“, а била изградена (1561 – 1562),од страна на кадијата Хајдар ефенди во периодот на Султан Сулејман.
Инженерот и шеф на градилиштето, Онур Атар во својата изјава за АА ја раскажа приказната за џамијата, чијашто рестарвација е при крај.
Атар рече дека со реновирање започнале на 19. мај 2014 година и додаде: „Кога дојдовме тука, ситуацијата беше многу лоша. Извадивме околу 50 – 60 камиони ѓубре, насекаде имаше изгореници. Сега 99 проценти од работата е завршена.“
%2F20161029_2_19821823_15477958.jpg)
Атар понатаму рече дека, од различни делови на градот во џамијата се донесени османлиски дела, како што се надгробни плочи и натписи и додаде дека со помош на експерти овие плочи се повторно споени и зацврстени со карбон фибер. Овие дела сега го сочинуваат „Музејот на надгробни плочи“, пренесе Атар.
Објаснувајќи го процесот на реновирање Атар изјави: „Минарето беше скршено. Повторно го направивме. Наидовме на некои написи внатре во џамијата, имаше стари написи според коишто се направија и нови. Старите написи се обновија и завршивме на ваков начин. Новоизградени се летниковецот, тоалетот и собата за имамот.“
„Балканска Принцеза“
Атар пренесе дека, оваа џамија Битолчани ја нарекуваат „Балканска Принцеза“ и додаде: „Симетричноста на џамијата го привлекува сечие внимание, кој и да ја види оваа џамија вели дека е многу убава. Ние не ја направивме оваа џамија, само реновирајќи, ја вративме во нејзината првобитна форма. Не се знае кој ја има направено. Меѓутоа, нашите истражувања постојано посочуваат на Мимар Синан. Но, меѓу делата на Мимар Синан не постои вакво нешто. Џамијата моментално е многу слична со нејзината првобитна состојба. Новите генерации ќе продолжат да ја гледаат оваа џамија во ваква состојба.“
Потенцирајќи дека, написите пронајдени за џамијата за тоа оти е направена 1561 – 1562 од страна на кадијата Хајдар Ефенди, според Атар, укажуваат и на можноста оваа џамија да ја направил Мимар Синан: „Направена е во периодот на Султан Сулејман, кога живеел и Мимар Синан. Посебно кога ќе погледнете кон последниот дел од местото за молитва ќе забележите 4 столбови. Во делата на Мимар Синан, два од овие столбови се во една боја, а двата во средината се во друга боја. И оваа џамија е таква. Исто така, ако погледнете кон симетричноста на џамијата, ќе забележите дека многу прецизно е направена“, истакна Атар.
%2F20161029_2_19821823_15477962.jpg)
Меѓусебно разбирање
Атар, раскажувајќи дека некој македонец имал направено спомен црквичка во дворот на џамијата, рече дека тие кога дошле не го срушиле овој споменик, туку само го оставиле надвор од дворот, со што добиле многу пофалби од локалните жители.
Напоменувајќи дека, во околината на џамијата живеат 2-3 муслимански семејства, Атар рече: „Многу добро поминавме со нив со заеднички дијалози и меѓусебно разбирање. Го прославивме Бајрам, им поделивме ашуре, станавме пријатели. Ниеднаш немаше жалби. Кога се правеше минарето, овде настана облак од прашина. Се исплашивме дека ќе се жалат. Со љубов работевме и не радува тоа што на сите им се допаѓа ова што го направивме. Битолчани, без разлика дали се муслимани, или христијани, сите зборуваат за оваа џамија. Сите имаат позитивни мислења за ова. А нас тоа не прави среќни.“