Besar Ademi
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
БИТОЛА (АА) – Во Музејот на албанската азбука во Битола, со научна конференција посветена на овој ден и со отворањето на спомен-собата на Комитетот на азбуката каде се поставени фигурите на членовите на комисијата, беше одбележан 22 ноември - Денот на албанската азбука, јавува Anadolu Agency (АА).
На манифестацијата посветена на овој ден организирана од страна на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, присуствуваа претставници на државните институции на Македонија, Албанија и Косово, албански универзитетски ректори, претставници на дипломатскиот кор и други гости. По научната конференција и отворањето на Спомен-собата, ќе одржи гала концерт во Центарот за култура во Битола.
Вицепремиерот на Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот договор, Фестим Халили, рече дека со овие букви се пишува во сите земји каде што живеат Албанци, и додаде дека овие букви се скапоцени бисери на албанскиот јазик и како такви ќе останат засекогаш.
„Оваа куќа има душа на албанско образование и чистина. Иако од време на време оваа куќа се напаѓа со камења, душата на оваа куќа секогаш ќе победи и албанското ÁBC' секогаш ќе се користи за да се унапредува науката, образованието, нашите луѓе и целото човештво“, истакна Халили, фокусирајќи се на нападите врз овој музеј, вклучувајќи го и нападот утрово, кога непознати лица ја искршија влезната врата и напишаа „Смрт за албанците“.
Директорот на музејот на албанската азбука, Нуер Арслани, нагласи де членовите на Комисијата на Битолскиот конгрес ги реализираа соништата и албанскиот националн идеал овде во Битола, бидејќи пред тоа време Албанците пишуваа со странски азбуки.
„Овде во гордата Битола албанскиот народ стана бесмртен, се обедини, се зајакна и се интегрираше во светот. Да не беа овие патриоти од оваа Комеморативна соба, ние не би имале унифицирана азбука, обединување на Албанците, обработување на албански јазик, развој на албанската литература, образование, култура и прекрасниот албански јазик“, рече Арслани.
Од друга страна, заменик министерот за надворешни работи на Албанија, Халил Хисени, рече дека Македонија и Албанија работат на заеднички проект за зачувување на музејот. Тој истакна дека оваа година се отвори Спомен-куќата на Комисија на азбуката, додека следната година ќе се отвори уште еден настан спонзориран од страна на Министерството за култура на Албанија.
„Ние Албанците преку овој конгрес и неговите активисте денеска имаме унифицирана азбука и разликувачки белег на нашето ДНК. Нашата потреба е да одбележиме вакви денови кои нè потсетуваат дека сме едно и не донесуваат до мотото на конгресот дека еден јазик не обединува сите“, рече Хисени.
Инаку, Денот на албанската азбука или „Битолсиот конгрес“ го обележува состанокот на десетици албански научници на 14-22 ноември 1908 година во Битола, со цел за формирање на албанската азбука. На овој конгрес, делегатите од двете страни на Албанија и на албански здруженија и клубови од целиот свет, ја донесоа одлуката за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик.
За албанскиот народ, „Битолскиот конгрес“ беше најважниот настан во почетокот на XX век, каде од неговите резултати на 28 ноември 1912 година е прогласена и независноста на Албанија. Со ова, 22 ноември останува ден за помнење за албанскиот народ, познат како „Ден на азбуката“.