Dzihat Aliju
03 Декември 2023•Ажурирај: 04 Декември 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржa 9. Меѓународна манифестација на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли“, известува Анадолу.
Здружението „Ќопру“ под покровителство на Сојузот на граѓански организации на македонското турско општество (МАТУСИТЕБ) и со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, ја организираше Меѓународната манифестација на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли“ на која присуствуваа претставници на турските институции и организации во земјава, поети и љубители на литературата од балканскиот регион.
Тахсин Ибрахим, претседателот на МАТУСИТЕБ, во своето обраќање рече дека Јахја Кемал Бејатли не е личност која може да се опише накусо.

Изјавувајќи дека Бејатли го формирал камен-темелникот на турската литература, Ибрахим рече: „Естетската убавина на неговите песни, суптилноста на нашиот јазик и неговата длабока мисловна структура, сè уште се читаат со големо воодушевување од љубителите на литературата. Скопјанецот Јахја Кемал Бејатли не беше само поет, туку беше и човек од културата, човек на нацијата, дипломат. Од перото на Јахја Кемал Бејатли, лојален на својата нација и чувство на длабока љубов кон нашата историја, излегоа дела за нашите национални и духовни вредности.“
Проф. д-р Орхан Куртоглу, советник за образование во Амбасадата на Туркије во Скопје, рече дека во турските биографски извори има многу добри и позитивни констатации и за Јахја Кемал Бејатли и за уметниците кои израснале на Балканот.

Потсетувајќи дека биографот по име Ашик Челеби напишал дека на децата родени во овој регион прво им биле давани псевдонимите, а потоа нивните имиња, Куртоглу рече: „Откриено е дека тука на децата пред да им биде дадено името, прво им биде давани псевдоними со мислата дека во иднина ќе станат поети. Дури на некои деца по раѓањето на половината им биле врзува пера, пенкала. Со други зборови, се наоѓаме во земја во која поезијата и литературата се вродени, уште од раѓање.“
Мехмед Ариф, заменик-претседателот на МАТУСИТЕБ, во својата изјава за медиумите рече дека се сеќаваат на големиот скопски поет Јахја Кемал Бејатли на годишнината од неговото раѓање.

Истакнувајќи дека манифестацијата што ја организираат прераснала во традиција, Ариф рече: „Наша најголема мотивација во спроведувањето на оваа активност е да ги одржиме цивилизацискиот хоризонт на нашиот поет, неговата љубов кон турскиот јазик, неговото разбирање за цивилизацијата на овие простори и тоа да им го пренесеме на идните генерации. Сметаме дека тоа најдобро можеме да го направиме преку поезијата.“
Во програмата, поетите од регионот, меѓу кои Лејла Шериф Емин од Северна Македонија, Зејнел Бексач и Танер Гучлутурк од Косово и Мубера Карадаји од Западна Тракија, ги читаа своите поетски дела.
Бејатли, чие вистинско име е Ахмед Агах, е роден во Скопје на 2 декември 1884 година.