Toni Avramov
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ВАЛАНДОВО (АА) - Во ритамот на фолклорните звуци и силата на пеливаните, под пазувите на планината Беласица, во селото Чалакли започна 26-то издание на „Меѓународниот фестивал на пролетните веселби" , јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на фестивалот во селото Чаликли кое се наоѓа во подрачјето на Валандово, учествуваа амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, министерот без ресор во Владата на Македонија Бејџан Илјас, градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиновски, заменик-претседател на Националната партија на движење од Турција и турски пратеник, Мехмет Ѓунал, турските пратениците Сафет Санџакли и Дениз Депбојлу, македонски пратеници, претставници на турски институции и организации во Македонија и голем број граѓани од Македонија.
Во валандовските села Чалакли и Башибос каде се одвиваат поголемиот дел од настаните на меѓународниот фестивал на пролетните веселби сè уште и ден-денес се почитува турската традицијата која се пренесува од колено на колено. Од памтивек па сè досега, мештаните не забораваат во првите денови од месец мај, да ја пречекаат пролетта со веселби кои останале да сведочат за минатото, а со задоволство се почитуваат и во денешнинава.
Фестивалот на пролетните веселби 26 години се организира под покровителство на владите на Република Македонија и Република Турција.
Фестивалот за отворен го прогласи амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркан Кара истакнувајќи дека овој ден е симбол на желбата за обновување на животот кој се појавува заедно со пролетта и е сезонски празник кој се слави во турскиот свет. Таа додаде дека Турската национална комисија продолжува со својата работа со цел овој фестивал да биде додаден на листата на Нематеријално културни наследства на УНЕСКО.
Со музичкиот состав на Министерството за култура на Република Турција започна културно-уметничката програма.
Шенол Тахир, претседателот на организациониот одбор на манифестацијата, во своето излагање пред присутната публика истакна дека оваа манифестација не се одржува само овде во Чалакли, туку започнува од Башибос, продолжува и во Валандово, Струмица, Скопје, Радовиш, Тетово и Гостивар.
Градоначалникот на Општина Валандово, Николче Чурлиновски, во својот говор додаде дека манифестацијата е од особено значење и таа ја проширува својата мисија на пријателство,братство и веселби и како таква да се впише во репрезентативната листа на Нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
Во програмскиот дел на фестивалот предвидени се концерти на културно-уметнички друштва од Турција, Србија, Косово, Романија, Бугарија, Грција и Македонија, одржување на пеливанските натпревари, борби од меѓународен карактер на кои учество земаат борачи од повеќе балкански земји, како и повеќе изложби и симпозиум за турската култура.
На фестивалот кој ќе трае до 9 мај 2017 година, не само што се слават пролетните веселби, туку се создаваат и мостови на сплотувања, кои можат да биде пример за соживотот меѓу народите на овие простори.