Amina Zorniç
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
МОСКВА (АА) – На 40-от по ред Саем за антиквитети во Москва, изложени се некои од најголемите ремек дела на руската уметност, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод просториите на Централната куќа на уметници беа исполнети со голем број заинтересирани посетители во главниот град на Русија.

Покрај антиквитетските декоративни предмети и украси, најголемото внимание беше насочено кон уметниците од времето на реализмот, стилски правец од 19-от век.
Антиквитетните ламби, порцелански чајници, отмени лустери и друг стилски мебел се само некои од атракциите кои се отсјај на уметноста, сентиметалноста и носталгичната вредност.