Mustafa Melih Ahıshalı
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Фосилизиран скелет на маж, за кој научниците тврдат дека е од периодот 7.500 години пред нашата ера, привлекува големо внимание во јавноста во Иран и пошироко, јавува Anadolu Agency (AA).
Пронајдениот скелет минатата недела е изложен во музеј во иранскиот град Ерак, а досега музејот го посетија стотина домашни и странски туристи.
Претходните истражувања утврдија траги на живот во тој ирански регион, од периодот 3.500 години пред нашата ера, а најновите археолошки откритија покажуваат траги на живот и до 8.000 години пред нашата ера.
Скелетот е пронајден во археолошкиот парк на ридот Серсахти, кај градот Ерак, и тоа на длабочина од шест метри, каде што е забележан мал процент на киселина, а големо присуство на сол.
Во близина на скелетот, пронајдени се и голем број глинени предмети од тој период и тие се изложени во музејот во Ерак.