Манифестација „Денови на турската кинематографија“ во Скопје и во Штип
- Проекциите на филмовите ќе бидат прикажани во киносалите на „Киноверзум“ во Скопје и во Штип, а љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да проследат четири турски филма.
СКОПЈЕ (АА) - Манифестацијата „Денови на турската кинематографија“ ќе се одржи во Скопје и во Штип, известува Анадолу.
Настанот се организира по повод 29 Октомври - Ден на Република Туркије, која оваа година ја прославува 101-годишнината од формирањето.
На манифестацијата „Денови на турската кинематографија“, организирана под покровителство на Одделот за култура и промоција на Туркије при турската Амбасада во Скопје, во периодот од 28 до 31 октомври 2024 година ќе бидат прикажани неколку филмови во период од четири дена.
Проекциите на филмовите ќе бидат прикажани во киносалите на „Киноверзум“ во Скопје и во Штип, а љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да проследат четири турски филма.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.