Besar Ademi
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Од 10 до 19 ноември оваа година, во просторите на Младинскиот културен центар – Скопје, петнаесети пат по ред ќе се одржи Фестивалот на европскиот филм „CineDays 2016“, фестивал што се одржува во секој европски главен град, јавува Anadolu Agency (AA).
Во програмата на овој традиционален фестивал се вклучени европски филмови, концерти и музички документарец. Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски, кој е и организатор на фестивалот, соопшти дека во текот на десетте дена, фестивалот ќе има една богата музичка програма, којашто во првиот ден ќе почне со биографскиот филм „Милји напред“ (Miles Ahead), на џез музичарот Милс Дејвис, а режисер е Дон Чадле. Првата вечер ќе продолжи со музиката на Милс Дејвис, кадешто диџеј ќе биде Оливер Белопета, директор на Џез фестивалот на Скопје.
Во различните програми, во следните денови дел на фестивалот ќе бидат и документарците „Битлси: Осум дена во неделата“, чиј режисер е Рон Ховард, „Gimme Danger” на Џим Џармуш, „Конгата го победи тапанот“, како и многу други.
По прикажувањето на филмовите ќе има и музичка вечер во киното „Фросина“ на Младинскиот културен центар. Инаку, целосната програма на фестивалот „CineDays“ ќе биде објавена в среда, наредната недела.