İlyas Gün
13 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
САМСУН (АА) - Во градот Самсун во Турција, Ердоган Емин наставник по уметност кој сака да биде пример за своите ученици во врска со проценувањето на отпадот, со користење стари весници, брошури, каталози и амбалажи прави уметнички слики, јавува Anadolu Agency (AA).
Наставникот Ердоган, започнал да работи со главна цел создавање на една слика за евалуација на отпадната хартија.
На почетокот тој произведувал мали сувенири од весници, а потоа направил уметничка слика користејќи стари брошури, каталози и амбалажи. Во неговата изјава за новинарот на АА, Емин Ердоган осврнувајќи се на зголемениот интерес за рециклирање во Турција, тој вели дека, всушност, не планирал изработка на уметнички слики од отпадоци.
"Едно време правев мали сувенири од отпадоци за моите ученици. Жена ми почина пред 10 години. Во тој тежок период сакав да најдам некоја професија со која ќе се занимавам и така почнав со користење на отпадоци со цел да направам нешто" раскажа Ердоган.
Тој рече дека е фокусиран на работа со хартија и картон, но дека и обоените каталози и брошури во маркетите го привлекоа неговото внимание.
Ердоган објаснува дека користејќи ги овие материјали почнал да прави уметнички дела. Наставникот по уметност квели дека неговите другари и ученици нему му носат отпадна хартија.
"Работам само со хартија но ќе ја развијам оваа професија. Пластичните отпадоци ќе ги спојам со отпадната хартија. Сакам да покажам дека отпадот може да се користи како визуелна декорација дома. Сакам на учениците да им се развие, свеста за зачувување на отпадот" рече тој.
Ердоган, исто така, додаде дека тој има многу уметнички слики од хартија и дека ќе отвори ликовна изложба во која на своите ученици ќе им ги покаже своите дела.