Aldıjana Hadzıc
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Светски познатата традиционална изложба на уметнички дела "LA Art Show 2016", ги отвори своите врати за љубителите на уметноста а ќе трае до утре, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодинешната изложба се организира по 21-ви пат, а на самиот почеток била предвидена само за пазарот на Лос Анџелес. Меѓутоа, поради големата заинтересираност на странските уметници, претставници на галерии и колекционери, доби меѓународни рамки.
На изложбата оваа година беа претставени уметнички дела од 120 галерии од 22 земји во светот меѓу кои Кина, Австралија и Јапонија и многу други.
На изложбата се претставени слики, разни инсталации и скулптури.