Tutku Şenen
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
РИМ (АА) - Бугарскиот уметник Христо Владимиров Јавачев (81) на италијанското езеро Изео со пловечки коцки формираше интересна инсталација која на луѓето им овозможува „одење по вода”, пишува Anadolu Agency (AA).
Инсталацијата долга три километри е составена од речиси 200.000 пловечки полиетиленски коцки со висока густина широки 16 сантиметри, кои го поврзуваат селото Сулзано во Ломбардија со езерското островче Монте Исол.
Доколку се погледне површината на пловечките коцкички може да се види дека патеката дише подигајќи се и спуштајќи се на вода.
Инсталацијата наречена "The Floating Piers" ќе биде отворена до 4-ти јули за сите посетители кои сакаат да одат по вода.
Јавачев речиси четири години „сонувал” за инсталација со које ќе се овозможи „одење по вода”. Неговите идеи за пловечките инсталации на езера беа одбивани од локалните власти на земјите од Јапонија до Аргентина.