култура и уметност

Отворено аплицирањето за „Istanbul Photo Awards 2025“

Организиран од Анадолу 11-та година по ред, натпреварот има за цел да ја промовира новинарската фотографија на глобално ниво

Muhammed Yasin Güngör  | 18.11.2024 - Обновена : 18.11.2024
Отворено аплицирањето за „Istanbul Photo Awards 2025“

ИСТАНБУЛ (АА) - Аплицирањето за меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2025“, на кој учествуваат фотографии кои ја дефинираат светската агенда, се отвори денес, 18 ноември, јавува Анадолу.

Организиран од Анадолу 11-та година по ред, натпреварот има за цел да ја промовира новинарската фотографија на глобално ниво.

Секоја година, на „Istanbul Photo Awards“ се поднесуваат околу 20.000 фотографии, натпревар кој нашироко се смета меѓу најдобрите светски натпревари за фотографија.

Професионалните фотографи, без оглед на кој медиум припаѓаат, имаат право да учествуваат на натпреварот под услов нивните фотографии да се направени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2024 година.

Натпреварот вклучува 10 категории: Поединечни вести, Вести приказна, Единечна фотографија за спортови, Спортови приказна, Единечна фотографија за природа и животна средина, Природа и животна средина приказна, Единечна фотографија за секојдневниот живот, Секојдневен живот приказна, Единечна фотографија портрет и Портрет приказна.

Фотографите можат да аплицираат и со досега објавени и со необјавени фотографии во сите категории, со обезбедување точни лични податоци и детали за фотографијата.

- Истакнато жири -

Истакнато жири од светот на фотографијата ќе ги избира победниците во март 2025 година, оценувајќи го секој запис за техничка вештина, перспектива, движење и емоционално влијание.

Натпреварот ќе подели вкупно 58.000 долари во парична награда, а наградата Фотографија на годината ќе биде доделена на најдобрата фотографија во категоријата Поединечна фотографија за вести, за која следува награда од 6.000 долари.

Првопласираните во секоја категорија ќе добијат по 3.000 долари, додека второто и третото место ќе добијат 1.500, односно 1.000 долари.

Апликациите може да се поднесуваат исклучиво на веб-страницата „istanbulphotoawards.com“ до 10 јануари.

На веб-страницата се достапни и опширни информации за условите за аплицирање, заедно со минатите победнички фотографии, детали за изложбите, фотоалбуми и информации за претходните членови на жирито.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.