Во Мексико Сити се одржа шестата конвенција во чест на серијалот „Војна на ѕвездите“
Настанот привлече фанови од сите возрасти, кои прошетаа низ улиците облечени како легендарните ликови од сагата, со цел да го прослават 'галактичкиот универзум' создаден од Џорџ Лукас.
МЕКСИКО СИТИ (АА) – Главниот град на Мексико, Мексико Сити, вчера беше домаќин на 6-тата по ред конвенција („Стар ворс селебрејшн“) во чест на серијалот „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), што се одржа во конвенцискиот центар „Чурубуско“, јавува Анадолу.
Настанот привлече фанови од сите возрасти, кои прошетаа низ улиците облечени како легендарните ликови од сагата, со цел да го прослават 'галактичкиот универзум' создаден од Џорџ Лукас.
„Стар ворс селебрејшн“ е голема конвенција за фановите на серијалот „Војна на ѕвездите“, што се одржува годишно на различни локации низ светот.
Настанот вклучува најави за нови проекти, панели со актери и креатори, проекции, изложби, косплеј и продажба на сувенири.
Првата конвенција се одржа во 1999 година во Денвер, Колорадо, во чест на премиерата на „Епизода 1: Фантомската закана“.
Серијалот „Војна на ѕвездите“ кој ја обработува темата на вечната борба меѓу доброто и злото, сместена во средината на вселенското пространство, е алегорична визија за човечката историја и сегашност.
Серијалот е составен од осум филмови и прерасна во огромен медиумски универзум, кој вклучува филмови, телевизиски серии, видеоигри, романи, стрипови, тематски паркови и атракции.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.