Kemal Zorlak
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - На прославениот холивудски актер и поранешниот гувернер на сојузната државата Калифорнија, Арнолд Шварценегер, во Париз му е доделен Медал на честа, јавува Anadolu Agency (AA).
Доделувањето на медалот во Елисејската палата во Париз претходеше со средба и заедничко фотографирање на Шварценегер и претседателот на Франција, Франсоа Оланд. По тоа, Оланд на австриско-америкаскиот актер му врачи Медал на честа.
Арнолд Шварценегер е австриско-американски актер, политичар и боди билдер, а од 2003 до 2011 и гувернер на американската сојузна земја Калифорнија.
Шварценегер беше еден од најпопуларните филмски актери, особено во областа акциски жанр, во осумдесетите и дваесетите на 20.век, а најпознат е по улогата киборг Терминатор во истоимениот филм.
Како боди билдер освои пет титули Mr. Universe и вкупно седум Mr. Olympia наслови, од кои шест последователни во период од 1970-1975 година, и прогласен е за естетски најпропорционален човек на светот во 1980 година. Речиси цела деценија доминираше на боди билдиг сцената добивајќи го прекарот „ Австриски даб”.
На почетокот од девесетите се сметаше за еден од најголемите акциски јунаци што го потврди тоа во филмовите Терминатор 2, Судниот ден (1991.) и Вистински лаги (1994.).