АНКАРА (АА) – На годинашниов трет по ред меѓународен натпревар за фото – вест “Istanbul Photo Awards, што ја организира Anadolu Agency (АА), наградата „Фотографија на годината“ ја доби Фредерик Лафарк, за фотографијата насловена како „Бегство од ДЕАШ“.
На овој конкурс, каде оценувајќи ги поединечните и серија на фотографии од областите како што се, вести, спорт, портрет, природа и животна средина, а каде се утврдуваат оние кои влегуваат во првите три фотографии, имаше апликации за околу 25 илјади фотографии. Овој натпревар, каде покрај избор на фотографија на годината, се наградуваат 22 фотографи од 17 држави, го спонзорира Туркиш Ерлајнс и Турската владина агенција за соработка и координација (ТИКА). Добитниците на наградите беа утврдени во периодот од 19 до 22 март, во Кападокија, од страна на професионално меѓународно жири.
Францускиот фоторепортер, Фредерик Лафарк е награден со наградата „Фотографија на годината“ од страна на меѓународното жири за фотографијата насловена како „Бегство од ДЕАШ“, која е фотографирана за „Париз Меч“ во Ирак.
Од друга страна, во категоријата „Серија вести“ првата награда Арис Месинис, за серија фотографиите под наслов „Смрт во Медитеранот“, фотографирани за АФП.
Адам Прити ја доби првата награда во категоријата „Единечна фотографија во спорт“ со фотографијата насловена како „Под површината“, која е направена за Гети Имејџис, додека пак, во категоријата „Серија фотографии во спорт“, првонаграден е Патрик Смит со серија фотографии направени за Гети Имејџис.
Мери Гелман, со сериајта фотографии на тема жени – жртви, ја доби првата награда во категоријата „Серија Портрети“, додека пак, жирито не успеа да избере победник за категоријата „Единечен портрет“.
Кемал Џуфри со фотографијата насловена како „Хранење на сирачиња – орангутани“, ја доби првата награда во категоријата „Единечна готографија за природа и животна средина“, а пак, Џони Милер со серијата фотографии ,кои ги направи за Милефото, а под наслов „ Papwa Sewgolum Голф – терен“ беше првонаграден во категоријата „Серија фотографии за природа и животна средина“.
Жирито му ја додели наградата „Млад фоторепортер“ на фоторепортерот Хосам Салем, кој живее во Газа и работи самостојно, за фотографијата со наслов „Тренинг на улица во Газа“.
- Членови на жирито
Меѓународното жири на натпреварот, како и во минатите години, е составено од познати имиња во областа фото – вести. Покрај членовите на жири комисијата од минатата година, меѓу кои спаѓаат, директорот на Шангајскиот центар за фотографија, кој ја има освоено Пулицеровата награда, Лиу Хеунг Шинг, директорот за фото дистрибуција и развој при АФП, Мајкл Ското, советникот за медиуми, Џорџес Де Керл, главниот и одговорен уредник на визуелни вести во АА, Ахмет Сел и уредникот на фотографија во АА Фират Јурдакул, годинава во комисијата се додадени и имиња кои покажале голем успех во областа.
Оваа година во жири коимисијата заземаат место, уредникот на дигитално издаваштво во списанието Парис Меч, Марион Мертенс, познатиот фотограф на Агенцијата Ноор, Јури Козриев и фоторепортерот во рубриката спорт на Гети Имејџис, Камерон Спенсер.
Претседателката на овогодинешниот натпревар Istanbul Photo Awards 2017 Марион Мертенс, работи во списанието Парис Меч од 1998 година па наваму. Мертенс, кој го уредува интернет, таблет и мобилниот формат на списанието, претходно, 15 години работела како помошник уредник на вестите. Таа својата кариера ја започнал во Гама Прес Имејџис, а пред да премине во Парис Меч, работела во Ле Фигаро, Л’Експрес и ВСД.
Фоторепортерот, Јури Козирев, во својата 20 годишна кариера, работеше за списанието Тајм, во различни делови на светот. Тој продолжува да работи во Чеченија, Египет, Бахреин, Либија и Јемен, а добитник е на многу награди меѓу кои и наградата Ворлд Прес.
Камерон Спенсер, кој е еден од австралиските професионални фоторепортери во рубриката спорт на Гети Имејџис, од 2004 година наваму работи професионално на спорт и портрет. Добитник е на многу награди. Продуцентот на документарни филмови и куратор, Лиза Фактор, во 2014 година беше член на жири комисијата на Ворлд Прес. Фактор е добитник на наградата "Howard Chapnich" а со тоа зазема место меѓу најважните и иновативни имиња во сферата на фотографија.
- „Среќни сме со тоа што го видовме“
Претседателотката на жирито, Марион Мертенс, потенцира дека, фотографиите кои учествуваат во натпреварувањето, покрај тоа што се сеопфатни, се многу моќни и со многу висок квалитет.
„Среќни сме со тоа што го видовме, од аспект на уметност, новинарство и креативноста, затоа што навистина се добри“, изјави Мертенс.
- Фоторепортерите конкурираа со многу важни теми
Членот на жири комисијата, Козирев изјави дека, фоторепортерите на конкурсот конкурирале со многу важни теми.
„Сметам дека, избраната фотографија покажува навистина големо значење, за тоа што е важно за општеството, репортерите и фоторепортерите“, рече тој.
Козирев пренесе дека, навистина работеле со големо внимание, особено во изборот на приказните од категоријата вести и додаде: „Не беше лесно да се одлучи, која е најдобрата. Фотографијата која ја избравме е важна. Има и нешто друго, јас сметам дека тоа е поврзано со нашата местоположба. Случувањата во Сирија и Ирак не се далеку. Мислам дека, тоа што обичните луѓе ја гледаат изложбата е начин за потсетување дека не живееме далеку од војната. Сето ова е поврзано меѓусебе.“
- „Квалитетот на фотографиите е извонреден“
Членот на жирито, Камерон Спенсер, изјави дека, оваа година има многу моќни фотографии и во единечни и во серија фотографии, во рубриката спорт, портрет и природа. Тој потврди дека, квалитето на фотографиите е извонреден и додаде:
„Покрај ова, во овој натпревар учествуваат некои од најдобрите светски фотографи. За ова сметам дека е показател за професионалност во овој натпревар, кој започна пред три години. Овој натпревар, навистина влева доверба во фотографската индустрија, посебно во сферата на спортот и вестите. За време на изборот на наградената фотографија имавме многу дискусии и разменувавме идеи. Финалниот избор на фотографија во категорија вести и спорт, еше многу тежок процес. Избраната фотографија има многу моќен квалитет и пренесувањето на темата е навистина извонредно. Се надевам дека луѓето ќе бидат погодни и ќе веруваат на нашиот избор за првонаградена фотографија.“
- „Се избира добра фотографија, а не популарна“
Членот на жири комисијата, Лиу Хеунг Шинг нагласи дека, овој натпревар е поставен правилно според другите натпревари по фотографија во светот и оти е многу убава алтернатива. Според Лиу, овој натпревар е добра алтернатива, од аспект на изборот на жири комисијата, како и квалитетните и различни конкурирања од секој регион од светот.
„Изборот на добра, а не популарна фотографија, јасно ја испраќа пораката до фоторепортерите“, рече тој.
- „Предизвик за младите фотографи“
Членот на жирито, Џорџес де Керл пак го привлече вниманието на важноста на 28.годишниот млад награден фоторепортер.
„Според мене ова е прекрасно нешто, затоа што, кога јас бев млад, немаше вакви натпревари и ваков начин на помош. Сметам дека, ова е предизвик за младите фотографи“, рече Де Керл и забележа оти, можеби добтникот на паричната награда со освоените средства ќе си ги обезбеди потребите за некој свој проект.
Керл, го изрази своето задоволство од квалитетот, кој го имаат фотографиите кои учествуваат во натпреварот.
- Натпреварот е збогатен со нови категории, а зголемен е и износот на наградите
Бројот на категории оваа година е зголемен на осум. Исто така, годинава, независно од категориите, за првпат е доделена наградата „Млад фоторепортер“ од 3 илјади долари на фотограф под 28 годишна возраст. Целта е да се поддржат младите фоторепортери со награда.
Износот на паричната награда за „Фотографија на годината“ изнесува 10 илјади американски долари, за освоените први места во сите категории 8 илјади, за второнаградните 5 илјади, а пак за третонаградените 3 илјади долари.
- Конкурираат најдобрите фоторепортери од светот
Минатата година добитник на наградата „Фотографија на годината“ ја доби Абд Доумани насловена како „Крикот за помош на сириските деца“.
Фотографијата со наслов „Бегалци“, која Сергеј Пономарев ја направи за Њу Јорк Тајмс и којашто беше првонаградна во категоријата единечна вест, подоцна се стекна со наградата Пулицер.
Годината претходно пак, наградата „Фотографија на годината“ ја доби Даниел Берехулак, кој ја направи оваа фотографија за време на епидемијата од Ебола во Либерија.
По “Istanbul Photo Awards 2015' во организација на АА, наградената фотографија на Брехулак ја доби и престижната Пулицерова награда.
news_share_descriptionsubscription_contact
