Recep Şakar
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Бегалците кои се фатени при илегален влез во Австралија се испраќаат во центарот за притвор на островот Манус. Пред три дена овој центар беше официјално затворен, а на бегалците и барателите на азил, кои од безбедносни причини не го напуштаат островот, поддршка им даде холивудската ѕвезда Расел Кроу, јавува Anadolu Agency (AA).
Кроу на четиригодишна возраст, заедно со своето семејство, од Нов Зеланд емигрира во Австралија, каде што го продолжува својот живот. Кроу на својот профил на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) објави: „Манус е национален срам, луѓето таму живеат во неизвесност. Многу е засрамувачки тоа што живеат во страв и безнадежност“.
Во објектот за притвор на островот Манус, кој пред три дена беше официјално затворен, нема електрична струја, вода, природен гас и храна. Кроу посочува дека бегалците и азилантите обезбедуваат вода копајќи бунари. „Се замислив и верувам дека можам на шестмина да им најдам дом за живеење и работа. Сигурен сум дека и други Австралијанци можат да го направат истото“, рече холивудската ѕвезда.
Следбениците на неговиот профил го поддржаа познатиот актер со твитовите: „Донесете ги во Австралија“.