Vesna Besic
14 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
ПРАГА (АА) - Како и секоја година претходно, и овој октомври во Прага, главниот град на Чешка, се одржа светски познатиот Фестивал „Сигнал“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот „Сигнал“ е четиридневен настан на светлосната уметност и новите технологии во Прага. Дизајнери за осветлување од Чешка и од странство секоја година во октомври се собираат во Прага.

На улиците и во јавните простории низ градот се поставуваат инсталации за осветлување, вклучувајќи ги и познатите историски знаменитости.
