Dzihat Aliju
16 Декември 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Вo присуство на голем број љубители на литературата вечерва во Скопје е промовирана книгата „Лалето на Истанбул“ од тускиот писател Искендер Пала, која е преведена на македонски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
На промоцијата организирана од страна на Институтот „ Јунус Емре" во Скопје имаше голем интерес од љубителите на литературата.
Свој осврт на ова книжевно дело, чиј оригинален наслов е „Катре-и Матем“, имаа познатиот албански писател Луан Старова и академик проф. Др. Александар Прокопиев кои учествуваа на промоцијата на книгата.
Во изјавата за медиумите, авторот Искендер Пала го изрази своето задоволство за присутството во Скопје по повод преведувањето на неговата книга на македонски јазик.
„Разлика има само облеката. Ова е приказна кој се случила во XVIII век, а сепак на во денешнината. Ова е книга која ќе ги заживее нашите сеќавања и спомени во овие земји, бидејќи таа подготвува темел кој можеби ќе ја спои убавината на Истанбул со убавината на Скопје“, рече авторот Пала.
Во меѓувреме, заменик-директорот на Институтот „ Јунус Емре" во Скопје, Фуат Коркмаз, рече дека се чувствуваат многу среќни поради присутството на турксите писатели во Македонија и нивните средби со љубителите на литература.
Нагласувајќи дека во последно време во Македонија има огромен интерес за турски писатели и поети, Коркмаз рече: „На вечeрашната активност можеме да видиме колку е важна нашата мисија за преведување на дела од турски писатели и нивната презентација пред писателите и љубителите на литературата. Институтот ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти“.
Од друга страна, Прокопиев, исто така, го изрази своето задоволство за промоцијата на богатото книжевно дело на турскиот писател пред љубителите на книжевната уметност во Македонија.