Selçuk Acar
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Ќерката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, а воедно и негова советничка, Иванка Трамп, ја издаде својата нова книга, која содржи препораки за жените што работат, јавува Anadolu Agency (AA).
Книгата на Иванка Трамп насловена „Жените што работат: Повторно пишување на правилата за успех“ (Women Who Work: Rewriting the Rules for Success“), ја издаде издавачката куќа „Penguin Random House“, а од 2 мај таа е дистрибуирана во книжарниците низ земјата.
Иванка Трамп во својата книга ги споделува и знаењата што ги стекнала од татка си, Доналд Трамп, и укажува на важноста на семејството во деловниот живот, а се фокусира на препораки за кариерата.
Исто така, Иванка Трамп им дава совети на жените што работат за начинот за справување со стресот, и како да се стане успешна деловна жена.
Иванка Трамп и во 2009 година издаде книга, со наслов „The Trump Card: Playing to Win in Work and Life“.