Aişe Hümeyra Bulovalı
01 Јули 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во првите шест месеци од годината е постигнат рекорден број посетители во палатите и дворците кои се поврзани со Претседателството на националните палати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на Претседателството, раздвижувањето во туризмот по епидемијата на Ковид-19 се одрази и во податоците на билетарницата на националните палати.
Забележана е голема разлика помеѓу податоците за посетителите за првите шест месеци од 2021 година и од 2022 година.
Според тоа, бројот на туристи кои ги посетиле националните палати во 2022 година е зголемен за 288 отсто во однос на истиот период од претходната година и е достигната бројка од 2.565.257.
Во 2021 година оваа бројка изнесувала 660.253.
Избрана за најубава палата во светот, палатата Топкапи се наоѓа на прво место во однос на порастот на посетителите - 1.404.697.
По палатата Топкапи следи Долмабахче со 635.056 туристи.
Значителен пораст е забележан и кај бројот на посетители од странство.
Бројот на странски посетители кои ги посетиле националните палати се зголемил за 233 отсто, поточно, од 360.107 бројката е покачена на 1.199.943.
Според истите податоци, Музејот на исламските цивилизации, кој беше отворен во месецот Рамазан, за околу три месеци го посетиле 334.087 посетители.
Кај палатата Бејлербеји, најпосетената палата која се наоѓа на анадолската страна, бројот на туристи е зголемен од 23.778 на 154.523.
Музејот „Стакло и кристал“ во Бејкоз, кој беше отворен во април 2021 година, исто така привлече внимание во зголемувањето на посетителите.
Оваа година музејот стана дестинација на речиси 110.000 луѓе.
Констатирано е дека оваа година, покрај историските објекти, внимание привлекле и градините. Оние кои сакаат да ги посетат и ги видат само градините на објектите кои се во рамките на националните палати, се зголемија од 62.575 на 148.069, што е пораст од 130 отсто.
Се додава дека услугата што ја даваат кафулињата поврзани со националните палати е ефикасна во зголемувањето на бројот.
Според податоците оваа година, националните палати повторно станаа една од постојките за патување на странските туристи.
Шпанците и Грците го зазедоа првото место по бројот на туристи од европските земји.