Abdulselam Durdak
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Двајца уметници на ѕидот во германскиот град Франкфурт го нацртаа момчето Ајлан, чие безживотно тело во 2015 година беше исфрлено на плажа во Бодрум, трагедија која го привлече вниманието на светската јавност, а е трагедија со која соочуваат многу бегалци на патот кон Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Уметниците Јуст Бекер и Огуз Сен на ѕидот во близина на Европската централна банка (ЕЦБ) нацртаа графит со ликот на момчето Ајлан.
Графитoт, коj двајцата уметници го нарекоа "Мртва Европа - Смрт и пари", привлече големо внимание кај германските медиуми.
За цртежот, кој е насликан на ѕидот со големина од 120 квадратни метри, потрошени се 50 литри боја и 80 спрејови.
Цртежот ќе остане до крајот на летото да стои на ѕидот, со цел да го привлече вниманието на јавноста за трагедијата преку кои поминуваат многу бегалци, во обид да стигнат до Европа.
Бродот со 14 сириски бегалци во септември 2015 година, потона во Егејското Море во обид да стигнат до грчките острови. Во таа прилика загинаа пет лица, вклучувајќи го и две годишниот Aјлан, чие безживотно тело беше исфрлено на плажа во Бодрум, а стравичните слики од таа сцена се најдоа на насловните страници на сите светски медиуми, станувајќи симбол на страдањата на сириските бегалци на патот на надежта кон Европа.