Ekipa
22 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
ВАН (АА) - Новоотворената џамија „Хаџи Фирдевс Туркменоглу“ во источна Турција, со својата убавина, но и со својот уникатен ентериер го привлекува вниманието на посетителите, затоа што нема нема ниту еден носечки столб, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за џамија во областа Ипекјолу, која е градена четири години и неодамна е отворена.
Површината на џамијата изнесува 650 квадратни метри и има капацитет од 1.200 лица.
Џамијата е специфична и според стилот на градба, кој претставува единствен спој на три архитектонски стила.
Влезот и вратата на џамијата го одразуваат архитектонскиот стил на селџучкиот период, внатрешноста е украсена со бројни калиграфии и детали карактеристични за османлискиот период, а михработ како централен дел на ентериерот е изграден во класичен арапски стил.
Внатрешноста на џамијата е специфична и по тоа што нема ниту еден носечки столб, па просторот за молитва е широк и комфорен.