Mesut Varol,Özkan Bilgin
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ВАН (АА) - Со доаѓањето на пролетта и убавото време во областа Ван, се означува и слегувањето на дивите коњи од планините во пониските делови, јавува Anadolu Agency (AA).
Со оглед на тоа дека тешко наоѓаат вода во повисоките области на прекрасниот Ван, дивите коњи се принудени да се спуштат во долината. Оваа година за прв пат доаѓаат во голем број.

Никогаш порано не е забележано на едно место да се појават десетици диви коњи кои уживаат во прекрасниот пејсаж на Ван.
Eнгин Авџи, жител на селото Инкоју кое се наоѓа на 50 километри од Геваш во Ван, за АА изјави дека дивите коњи, кои веќе долго време живее во повисоките делови, во еден временски се симнуваат во ниските предели. Тогаш како што посочи тој, мештаните можат да ги видат, но и оние кои слушнале за нив.
Според него, во групата има околу 40 диви коњи, но тие никогаш не се појавуваат во исто време.

„Дивите коњи со години живеат во оваа област. Инаку се спуштаат во низините со доаѓањето на убавото време и во потрага за вода”, изјави Енгин Авџи, жител на селото Инкоју.
„Тие се посебни животни. Неопходно е овие коњи да придонесат за развој на туризмот во оваа област”, рече Авџи.