Necat Hazar
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ВАН (АА) - Најмалку еден турски војник загина, а еден е ранет во судирите со членовите на терористичката организација ПКК во источниот турски град Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, до судир меѓу безбедносните сили и терористите на ПКК дошло во местото Гурпинар, недалеку од турскиот град Ван, додека турската војска вршела рутинска контрола во овој регион.
Во конфликтот загина еден турски војник а еден е ранет и префрлен со хеликоптер во воената болница во Ван. Во овој регион продолжува акцијата на безбедносните сили, со поддршка од воздухопловните сили.
Од крајот на декември 2015 година, во југоисточниот дел на Турција, траат интензивни акции на безбедносните сили против терористичката организација ПКК.