Mümin Altaş
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
АНКАРА (АА) – Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим ја посети командата на 2. гранична бригада, која ги продолжува своите операции против терористите во руралните области на Чукурџа во Хакќари, каде што кажа дека по 15 јули се користи нов метод на борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„По 15 јули користиме нов метод во борбата против тероризмот, се отвораат нови правци. Тоа значи: Нема да се браниме, туку ќе бидеме во офанзива. Каде и да се, зад секој камен и во секоја пештера во која ги има овие подли терористи, ќе ги најдеме и ќе ги неутрализираме. Доколку тоа не го направиме, тогаш ќе мораме да продолжиме да живееме под закана“.
Пред воената карта, командантите го информираа премиерот Јилдирим за насоката на операциите против терористичките организации и за структурата на теренот, при што тој се сретна со турските војници.
Премиерот Јилдирим во своето обраќање истакна дека војниците завршиле многу голема работа и ја имаат поддршката и молитвите од народот.
Тој рече дека благодарение на борбата што ја водат војниците, децата од родните краишта ќе можат да видат поубави денови, истакнувајќи дека работата на војниците е тешка, но истовремено тие вршат и света должност.
Турскиот премиер изјави дека теророт ќе престане, дека секој, од децата до возрасните, смета дека теророт треба да престане.
„Нашиот народ безусловно ве поддржува и се моли за вас. Ја браните татковината во тешки услови и под голема опасност, ја обезбедувате безбедноста на народот и имотите. Нашата главна задача како влада е да ви ги обезбедиме сите ваши потреби и во овие операции да го одржуваме вашиот морал на највисоко ниво.
Јилдирим рече дека во Министерството за внатрешни работи се направени некои измени и потсети дека нов министер е Сулејман Сојлу, кого војниците ќе можат почесто да го гледаат во областа.
- „Нема да се браниме, туку ќе бидеме во офанзива“ -
Среќавајќи се со една замка и опсада, терористите кои не можат да се борат отворено и како што им доликува на мажите, се обидуваат да ја намалат енергијата во државата, рече Јилдирим и додаде: „По 15 јули користиме нов метод во борбата против тероризмот, се отвораат нови патишта. Тоа значи: нема да се браниме, туку ќе бидеме во офанзива. Каде и да се, зад секој камен и во секоја пештера во која ги има овие подли терористи, ќе ги најдеме и ќе ги неутрализираме. Доколку тоа не го направиме, тогаш ќе мораме да продолжиме да живееме под закана“.
Зборувајќи дека во областа е потребно да се преземат сите потребни мерки, Јилдирим го истакна следното:
„За да не добиеме каков било напад, се активираат сите потребни безбедносни мерки и технолошки капацитети. За да се стави крај на оваа борба, најголем услов е преминувањето на границата да се земе под контрола. Во тие рамки, започнавме сеопфатни активности. Се надевам дека за краток период, благодарение на вашите операции и другите преземени активности, овој дел ќе го земеме под контрола. Потоа сета наша сила ќе ја насочиме кон 10-12 места во нашата земја, во кои се групирани. Се надевам дека со влегувањето во овие гнезда, ќе ги совладаме овие подли терористи со кои со години нашата земја е ангажирана и ѝ ја трошат енергијата. Веруваме во вас. Целиот народ се моли за вас. Благодарение на вас, народот мирно спие во своите домови. Господ нека ве чува, Господ нека ви е потпора и помош“.
Јилдирим разговараше и со војник кој за време на операциите се здобил со повреда на раката и се информираше за неговата здравствена состојба.
Во придружба на премиерот Јилдирим, во Чукурџа беа и вицепремиерот Нуретин Џаникли, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и гувернерот на покраината Хакќари, Џунејт Орхан Топрак.
Премиерот на Турција, Јилдирим, со војниците направи фотографија за спомен.