Hanife Erdinç
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ЧАНАКАЛЕ (АА) - Турската крајбрежна стража спречи група од 50 мигранти да премине нелегално од Турција на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Патролниот чамец на Турската крајбрежна стража утринава во Егејското Море забележала голем гумен чамец кој се движи во правец на грчкиот остров Лезбос.
По акцијата, крајбрежната стража приведе 50 мигранти, меѓу кои поголем дел на жени и деца и ги врати во Екстрадицискиот центар за мигранти.
Станува збор за мигранти со потекло од девет земји и тоа од Конго, Камерун, Пакистан, Сиера Леоне, Брегот на Слоновата Коска, Хаити, Авганистан, Алжир и Сирија.