Tayfun Salcı
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Владата на Велика Британија соопшти дека ги признава легитимните интереси на Република Турција за пограничната безбедност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларија на британската влада објави писмено соопштение во кое се наведува дека официјален Лондон внимателно ги следи случувањата во Африн, северозападното погранично подрачје на Сирија, каде што турските сили ја спроведуваат операцијата „Маслинова гранка“.
Во соопштението, исто така се наведува дека британските власти детално разговарале со турските колеги во контекст на остварувањето на заедничките цели кои се огледуваат во сопирањето на насилството и создавање на атмосфера за изнаоѓање на политичко решение во Сирија.
„Велика Британија е решена да соработува со Турција и другите сојузници за да се пронајдат решенија што ќе донесат стабилност во Сирија, да се запрат тензиите и да се заштитат безбедносните интереси на Турција“, порача британската влада.