Deniz Çiçek Palabıyık
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
АНКАРА (AA) - Турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк потврди дека до крајот на годината ќе биде формирана Вселенска агенција на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Варанк денеска во Анкара зборуваше во Анкара за активностите на турското министерство кога станува збор за вселената и сателитите.
Варанк рече дека вселенската агенција, следејќи ги националните интереси на Турција, ќе воспостави систем на координација и контролирање кога станува збор за вселенскиот сектор. Нагласи дека примарна цел е да се насочи тој сектор, да се координира од една рака и да се управува со меѓународни односи.
„Ќе имаме Вселенската агенција на Турцја, како што тоа го наведовме во нашиот акционен план за првите 100 дена. Активностите на самата организација ќе бидат завршени во најкраток рок", рече Варнак и додаде:
„Турската вселенска агенција ја формираме со цел јакнење на вселенската индустрија, развојојт на научната инфраструктура и човечките ресурси на полето на вселенската технологија и јакнење на капацитетите и способностите. Оваа организација ќе овозможи имплементација на темелна политика и стратегија која е замислена на полето на вселенската технологија. Ќе подготви терен за развој на една конкурентна индустрија која нема надворешна зависност. Истовремено ќе координира со други организации во овој сектор".
Варанк се осврна и на активностите во врска со производство на домашните и национални сателити. Рече дека Турција од 2000 година се фокусирала на вселенска технологија, поточно на производство на набљудувачки сателити. Во тој период произведени се турските сателити БИЛСАТ, РАСАТ И ГОКТУРК-2, од кои некои веќе седум години се во вселената.
Варанк додаде дека Турција во 2014 година започнала со проектите на сателитите ТУРКСАТ 6A и ИМЕСЕ, и дека сателитот Турксат 6А ќе пружа услуга за комуникации на широко подрачје од Европа до Индија. Според зборовите на Варанк, моделот на овој сателит ќе биде подготвен до крајот на 2020 година.