Meltem Bulur
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, по средбата со својот литвански колега, Линас Линкевициус, и по средбата на двете делегации одржа прес-конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека веднаш по обидот за државен удар, литванскиот министер за надворешни работи Линкевицус и литванскиот претседател ѝ дале силна подршка на турската демократија, Чавушоглу му се заблагодари поради тоа што на ниво на министри за надворшени работи од земјите на Европската Унија Линкевициус прв ја посетил Турција.
Истакнувајќи дека одредени европски земји не го разбрале ризикот од обидот за државен удар, Чавушоглу изјави дека:
„Сите овие негативни изјави на некои земји ни оставаа впечаток дека се загрижени поради неуспешниот обид за држвен удар. Турскиот народ спречувајќи го државниот удар во исто врме спречи нестабилност која можеше да се одрази и во Европа. Турција со својата геостратешка положба секогаш била фактор за безбедноста, стабилноста и економскиот разој на Европа. Но, за жал, тие ова го игнорират. Ние секогаш со сите наши институции сакаме да сме во дијалог и соработка со ЕУ. Секогаш потенцираме дека процесот на зачленување на Турција во Европската Унија треба да биде транспарентен и дека нашиот транспарентен однос кон Европската Комисија треба да претставува пример за сите”.
Министерот Чавушоглу исто така му се заблогодари на министерсот за надворешни работи на Литванија за објективната и конструктивна улога кон евроинтеграциискиот пат на Турција.
Toj истакна дека на средбата се разговарало и во врска со Украина како и за кримското прашање, и додаде дека тие стојат зад ставот пред рушењето на авионот.
„Ние со Русија влеговле во процес на нормализација на односите, но нашиот став кон кримското прашање е непроменлив, тој останува ист. Нам отсекогаш ни била примарна состојбата на тамошните кримски Татари”, изјави тој.
- Случувањата во сирискиот град Џераблус -
Потсетувајќи на случувањата во Џераблус Чавушогу нагласи дека Турција досега активо била вклучена во борбата против ДАЕШ, и во тој правец на коалиционите сили им било овозможено користењето на воената база Инџирлик.
„Ние не правиме и нема да правиме никаква соработка ниту со ДАЕШ ниту со која било друга терористичка организација којашто под маската на ДАЕШ сака да добие легитимитет, но, ние можеме да ги поддржиме сите умерени опозициски сили којшто војуват против ДАЕШ. Турција секогаш била прва цел на ДАЕШ, затоа што Турција беше главната пречка за странските извори на борци. Досега 50 лица се наоѓат на листата за забрана на влез во Турција, а близу 4.000 лица се протерани од Турција. Освон ова, има и притворени лица на ДАЕШ. Во оваа смисла најголемит удар им го нанесовме ние. Во убивањето на идеологијата на ДАЕШ, Реџеп Таип Ердоган, одигра голема улога. Поради тоа Ердоган е нивна мета. Велејќи дека тие не се претставници на исламот нормало е Ердоган да биде нивната првична цел. Токму поради оваа ние ќе продолжиме да ги поддржуваме земјите којшто се борат против нив”, истакна министерот Чавушоглу.
Во врска со прашањето наменето за министерот Чавушоглу во однос на екстрадицијата на Ѓулен во Турција, Чавушоглу потсети дека вечерва американска делегација ќе допатува за Турција. Средбите или состаноците ќе продолжат до крајот на август, а потоа турска делегација ќе отпатува во САД.
Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевициус, истакнувајќи дека е дојден да зборува за Турција, да ја слушне, разбере и поддржи Турција тој додаде дека го осудува обидот за државен удар на 15 јули и се солидаризираше со институциите избрани на демократски избори, и со турскиот народ.
Линкевициус рече дека во вакви моменти потребно е сојузниците меѓусебно да се разбираат и поддржуваат и наместо да даваат изјави на прес-конференции треба да настапат заедно.
„Турција е клучен сојузник на ЕУ, важен трговски партнер и членка на НАТО. Ние се наоѓаме пред важни моменти, треба да се бориме заедно”, изјави тој.
Линкевициус додаде дека е потребно што поскоро да се изгради транспарентен дијалог и да се елеминираат сите комуникативни недостатоци.
„Пред сето останато треба да се стори тоа а потоа траба да работиме на зачленувањето на Турција во Европската Унија. Потребно е да продолжиме со средбите во врска со либерализација на визите”.
Истакнувајќи дека сите вмешани во обидот за државен удар треба да излезат пред правните органи, Линкевициус рече „ние веруваме во турските институции, во човековите права и почитувањето на владеењето на правото. Многу е важно да се обезбеди ова во овие тешки моменти, и во овој контекст ние му веруваме на нашиот сојузник”.