Ekipa
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција, наjостро ги осуди израелските напади на подрачјето на Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Процесот на нормализација на односиte помеѓу Турција и Израел никако не значи дека Турција ќе биде нема на нападите врз палестинскиот народ. Токму спротивното, секогаш ќе ги поддржуваме палестинските интереси наспроти изралеските напади”, се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Турција.
Израелските сили вчера и синоќа извршија воздушни напади на подрачјето на Газа. Во соопштението на израелската војска се наведува дека нападите биле одговор на наводните ракетни проектили кои од Газа, вчера, паднаа во јужниот дел на Израел.
Ниту една палестинска органзација не презеде одговороност за испалувањето на ракетите, кои изралеската страна ги наведува како причина за воздушните напади.