Barış Gündoğan
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
САМСУН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во градот Самсун изјави дека кога неговата земја и да остварела напредок или тргнела во остварување на големи цели, пред неа биле поставувани замки, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во градот Самсун зборуваше на церемонијата на претставување на кандидатите на локалните избори кои треба да се одржат на 31 март оваа година, а станува збор за кандидати за позиција на градоначалник на Самсун и на општините во состав на овој град. Ердоган, кој воедно е и претседател на АК Партијата, денес ги претстави кандидатите на АК Партијата за 15 од вкупно 17 општини во Самсун.
За градоначалник на Самсун е предложен Мустафа Демир. Во двете преостанати општини во Самсун, АК Партијата не ги претстави своите кандидати, а во согласност со претходниот договор со Партијата на национално движење (МХП) за заедничко дејствување на локалните избори.
Во споменатите две општини се претставени кандидати и во име на МХП.
Ердоган зборуваше за напредокот на Република Турција кој е остварен во периодот на АК Партијата, но нагласи дека Турција често била соочена со различни замки кога тргнувала во остварување на големите цели.
„Кога Турција и да оствареше напредок, кога и да си поставеше големи цели и да тргнеше во нивно остварување, пред неа секогаш се наоѓаа замки. Некои од нив свесно, а некои несвесно, и невнимателните меѓу нас беа фигурите во оваа игра“, порача Ердоган.