Ali Kemal Akan
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, по терористичкиот напад, ова утро, врз жандармериската станица Дурак, во Шемдинли, во турската покраина Хакќари, порача дека Турција никогаш нема да потклекне пред терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција никогаш нема да потклекне пред терористичките организации. Ќе се одговара за овој грозоморен напад”, изјави Куртулмуш.
Toj преку социјалната мрежа Твитер им изрази сочувство на семејствата на загинатите.
Да потсетиме, припадници на терористичката организација ПКК утринава изведоа бомбашки напад врз станицата на жандармеријата Дурак, во Хакќари, во кој загинаа девет, а повредени се 11 турски војници. Силната експлозија создаде кратер длабок неколку метри.