Sevil Çelik
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, изјави дека во самоубиствениот напад кој беше изведен утринава врз жандармериската станица Дурак, во покраината Хакќари, загинале десет војници и осум цивили, како и дека има и повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим додаде дека пет тони експлозив биле поставени на камионет, активиран од страна на бомбаш-самоубиец.
Турскиот премиер им посака брзо закрепнување на повредените.
„Турција одлучно ќе ја продолжи борбата против тероризмот, сепаратистичката организација (ПКК), против ДАЕШ и сите други терористички организации”, рече Јилдирим, додавајќи дека борбата ќе продолжи со цел Турција и нејзиниот народ да бидат заштитени од тероризмот.