НОВА ПАЗОВА (AA) – Околу 300 мигранти, повеќето од Авганистан, кои во вторник од Белград тргнаа пешки на границата со Унгарија, барајќи Унгарија да ја отвори границата и да ги пушти понатаму кон земјите на ЕУ, една од своите паузи, по направените 25 километри, ја покрај патот во Нова Пазова, јавува Anadolu Agency (АА).
Во разговор за АА, сите истакна дека единствено барање на протестот кој го започнаа е Унгарија да ја отвори границата, бидејќи условите за животот, кои ги имаат и по неколку месеци во Белгад, не се добри, а свесни се дека Србија е сиромашна земја, која не може повеќе да им понуди.
„Ние ја молиме унгарската полиција, Владата, народот, да ни ги отворат границите. Не сакаме да останеме во Унгарија, сакаме да влеземе и да одиме понатаму. Сакам да овам во некоја друга земја, на пример Германија, Белгија, Италија или некоја друга држава во Европа, но унгарската граница е затворена", рече за Anadolu Agency седумнаесетгодишниот Арманиус од Авганистан.
Арманиус во Србија дошол пред месец дена и благодарен и е на полицијата во Белград, а посебно на Владата на Србија која, според неговите зборови „го поддржува овој напатен народ".
„Но, животот за нас во Белград не е добар, камповите се полни, спиеме во парк и на паркинг центри", рече Арманиус и испрати порака за Владата на Унгарија:
„Ако ги отворите границите границите ќе спречите криумчарите да заработат пари. Дали сакате да им помогнете на криумчарите или на овој напатен народ?"
Муштаба од Авгинстан кој има 16 години, исто така замоли за отворањето на унгарската граница. Во Белград стаса пред десет дена, но како што ни раскажа, неговиот брат и неколкуте пријатели дојдоа уште пред три дена.
„Сите сме благодарни на српската полиција, во Србија ни дадоа се, храна, но тоа не ни е доволно, ние сакаме да одиме понатаму и се надеваме дека ќе ни ја отворат границата", рече Муштаба.
Запрашан дали очекува дека Унгарија ќе ја отвори границата, Муштаба рече дека се надева и додаде: „Ако даде Господ, сите се надеваат дека ќе се отвори границата, а ако не ја отворат, ние ќе се обидуваме повторно и повторно, бидејќи сакаме да создадеме живот во некоја земја, сакаме да учиме, сакаме нормален живот."
Осумнаесетгодишниот Бират од Авганистан истакна дека патот пеш од Белград, на кој трнале денес е многу тежок, но дека мораат да продолжат понатаму.
„Дојдов во Србија пред десетина дена, бевме цело време во паркот, спиевме на паркингот, а ноќите се многу студени. Не се жалиме многу на условите, но чекавме десет дена и тргнавме кон границата. Сакаме само да поминеме преку Унгарија, нема да останеме таму. Ве молиме, пуштете нè да поминеме, сите сакаат да одат понатаму, во Германија, Шведска", ни раскажа Бират.
Запрашан што ќе направи доколку границата не е отворена, Бират рече: „Ќе останеме таму и ќе чекаме. Ние немаме друга опција. Што да правиме, каде да одиме?"
Мигрантите утрово, по протестите во паркот во близина на автобуската станица во Белград, тргнаа пеш кон унгарската граница. Тие со себе понесоа храна и вода, која ја добија во Белград, а во продавницие попат го купуваат она што им е потребно.
Носат и транспаренти: "Open borders, please, please" (Отворете ги границите, ве молиме, ве молиме","We sell our houses and we came here and you closed the border, so please open the borders" (Ние ги продадовме нашите куќи и дојдовме тука а вие ги затворивте границите, ве молиме отворете ги", "We all refuagees request you to open the border, please" (Ние, сите бегалци бараме да ги отворите границите, ве молиме).
По повод протестот и патот на мигранти, вршителот на должноста директор на српската полиција, Владимир Ребиќ, даде изјава во која наведе дека Србија како и досега ќе биде добар домаќин на сите мигранти, но дека полицијата нема да дозволи да се нарушува јавниот ред и мир, блокирајќи ги сообраќајниците и на кој било начин да им се оневозможи на граѓаните да ги извшуваат своите секојдневни активности.
„Како што законите на Република Србија важат за нашите граѓани, така важат и за мигрантите и тие мора да ги почитуваат. Полицајците ја следат колоната мигранти, кои денес се упатија кон границата, со цел да се спречат можните инциденти и да се воспостави нивната безбедност", рече Ребиќ.
Тој додаде дека, за жал, прашањето за решавање на мигрантската криза останува отворено и дека „Србија ќе продолжи со хуман третман кон нашите гости, но не можеме сами да се справиме со овој проблем без единствен став на Европа".