Tevfik Durul
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
СЕУЛ (AA) - ТЕВФИК ДУРУЛ - Амбасадорот на Република Турција во Сеул Арслан Хакан Окчал изјави дека односите на Турција и Јужна Кореја на 60. годишнина влегуваат во нова фаза, јавува Anadolu Agency (AA).
Окчал во Сеул говореше за билатералните односи на Турција и Јужна Кореја и изјави дека двете земји во изминатите 60 години придавале голема важност на билатералните односи.
„Турско-корејските односи влегуваат во нова фаза", рече Окчал кој потсети дека во Јужна Кореја е прогласена Турска година на културата за време на која ќе бидат организираи бројни активности.
Тој додаде дека во рамките на тие програми ќе турскиот филм „Ајла" ("Ayla") кој е кандидат за Оскар, во кој се говори за тоа како турскиот офицер за време на Корејската војна зел под своја заштита девојче без родители, ќе биде прикажан во Сеул на 27. октомври.
„Јужна Кореја е земја со која секогаш имавме добри политички, воени и културни односи", рече Окчал кој додаде дека постои двострана желба моменталните односи дополнително да се унапредат.
Според неговите зборови минатата година околу 300.000 корејски туристи ја посетиле Турција.
Тој се осврна на прашањето за миграциите и рече дека администрацијата во Сеул е една од оние кои најмногу ѝ пружаат поддршка на Турција во решавањето на проблемот со сириските бегалци.
Окчал истакна дека во тек се разговорите на високо ниво меѓу двете земји, а планирано е турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, официјално да ја посети Јужна Кореја кон крајот на годината.
Тој потсети и на бројните билатерални проекти во одбранбената индустрија, меѓу кои го издвои артилерискиот проектил К-9 и тенковите Алтај. Додаде дека се во постојан контакт и кога станува збор за соработката на нови проекти.
Окчал се осврна и на структурата на терористичката организација ФЕТО во Јужна Кореја. Додаде дека ФЕТО во таа земја раководи со училиште и со одредени ресторани.
Се наведува дека според законот во Јужна Кореја, на корејските државјани не им е дозволено да посетуваат настава во странски училишта, поради што во училиштето на ФЕТО има 100 ученици од Индонезија, Филипини и Турција.
Окчал на крајот додаде дека се преземени одредени чекори за затворање на училиштето.