Yusuf Hatip
04 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
БРИСЕЛ (AA) - На состанокот на НАТО во Брисел апелирано е до Русија во потполност да го почитува Договорот за нукеларно вооружување од среден дострел (INF), јавува Anadolu Agency (AA).
„Повторно ја повикуваме Русија во потплоност да се придржува до Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел (INF). Русија има обврска да го штити овој договор", порачано е на состанокот на НАТО во Брисел.
Во соопштението е наведено дека Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел (INF) значително придонел за безбедноста на НАТО во претходните 30 години.
Се додава дека сојузничките земји се согласни дека Русија со новиот ракетен систем го загрозила овој договор како и дека претставува закана за безбедноста на евроатланскиот регион.
Во соопштението се напоменува дека е пружена поддршка на тврдењата на САД дека Русија го прекршила Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел, потсетувајќи дека земјите членки на НАТО повеќепати на Русија ѝ ја пренеле загриженоста, но дека Москва на тоа одговорила со политика на „одрекување и затскривање".
Од состанокот во Брисел е порачано дека внимателно ќе ги следат руските ракети од среден дострел.
Во соопштението се наведува дека САД во потполност го поддржуваат Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел, додавајќи дека не е прифатливо Русија и понатаму да го крши овој договор.
„Кршење на договорот е составен дел на постапките на Русија со цел слабеење на безбедносната инфраструктура на евроатланскиот регион", се наведува во соопштението.
По првиот ден од дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, порачано е и дека сојузниците на НАТО се решителни да ја сочуваат безбедноста на регионот.