Sertaç Bulur
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин, реагираше на наводите на Централната команда на американската војска (CENTCOM), во кои се тврди дека творбата која ја нарекува Сириски демократски сили (СДФ), чиј најголем дел го сочинува терористичката организација ПЈД/ЈПГ, „не е поврзана со ПКК”, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дали е ова шега или ЦЕНТКОМ го загуби разумот? Зарем мислите дека некој ќе поверува во тоа? САД мора да се откажат од напорите за давање легитимитет на терористичката група”, напиша Калин на социјалната мрежа Твитер.
ЦЕНТКОМ претходно на социјалната мрежа имаше споделено објава на СДФ, во која тие тврдат дека немаат врска со терористичката организација ПКК, над која е напишано дека „СДФ потврдува нема никаква врска или пак поврзаност со ПКК”.
И портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Марк Тонер, имаше изјавено дека ПЈД, огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, би требало да биде дел од активностите за изнаоѓање на долгорочно политичко решение во Сирија.