СКОПЈЕ (АА) – ЏУНЕЈТ ДАВУТ – Проф. д-р Метин Изети, професор на Државниот универзитет во Тетово во Македонија, во врска со обидот за пуч на ФЕТО рече: „Сторителите на државниот удар и нивните поддржувачи не се луѓе што можат да зборуваат за демократија, човекови права и за современост.
Проф. д-р Метин Изети, професор на Државниот универзитет во Тетово, на Факултетот за ликовни уметности, катедра за филозофија на уметноста, даде изјава за новинарот на АА во врска со случувањата во Турција при обидот на ФЕТО за пуч.
На почетокот тој со изрази сочувство кон турската држава и Владата, турскиот народ и кон турските вооружени сили (ТСК) за загинатите војници, посака милост од Бога, им изрази сочувство на нивните роднини и им посака брзо закрепнување. Рече дека најновите случувања не само што предизвикаа телесна и психичка исцрпеност за секого, туку и духовна и срцева исцрпеност.
Изети нагласи дека Турција е како „еден постар брат, еден татко“, особено за Албанците и за големиот дел на светот, и додаде: „Секоја штета направена на Турција, исто како да е штета што нам ни е направена“.
Изети изјави дека штетата што беше планирано да се направи со обидот за пуч, на Турција ѝ беше направена уште од многу одамна. Умовите кои се водат според илегалните и подземните идеи, ја оштетуваат и Турција, и установниот и институционалиот живот на муслиманите во светот. Најопасно е тоа, во религиската заедница, по илегален пат, ФЕТО да се обиде да ги исцрпи нашите институционални капацитети“.
„ФЕТО е познат по обидот за државен удар, кој е еден од најопасните настани поради тоа што е движење што може да го исцрпи имагинарното ТСК на светот“ – рече професорот на Универзитетот во Тетово. Вниманието го привлече врз ФЕТО, којшто веќе 20-30 години, во различни форми имал вакви обиди, но во последно време сето тоа се претворило во состојба на жешка војна водена од едно сфаќање што му го помрачило умот толку, што дури може да го убие и својот народ.
Изети, кој особено се осврна на религиозната страна на темата, нагласи: „Како може еден разумен човек да го направи ова? Задолжително, секој човек треба да го осуди ова“.
Изети изјави дека во последно време, од албанскиот свет, во врска со темата се слушале различни гласови и се појавиле пропаганди од различни страни, дека кај сите луѓе со демократски мисли треба да владее мислењето: „Во Република Турција има една влада и установи избрани од страна на народот и против нив се направи удар“.
„Можеби не го сакате претседателот Реџеп Таип Ердоган, но тој е претседател кој е избран од страна на народот и човек што размислува на демократски и современ начин треба да го почитува Ердоган. Да се разреши Ердоган од својата функција е возможно само со гласање“, рече Изети.
Изети изјави дека сторителите на државниот удар и нивните поддржувачи не се луѓе што можат да зборуваат за демократија, човекови права и за современост, и пренесе дека Ердоган не се гледа само како претседател на Република Турција, туку и како гласот на угнетените на светот.
Тој продолжи: „Ова е едно од најопасните движења поради тоа што е дело на една чета што направи обид за воен удар против Владата и со оружјето на народот се сврте против народот. Од овие случувања треба да се извлечат важни лекции“.
„Каде и да е на светот, никогаш не се постигнува успех со илегално извршени работи. Кога ја шириме верата, кога стануваме јавни обвинители, кога водиме политика или пак, што и да правиме, ниедна работа не смее да биде по илегален пат“, заклучи Изети.
Изети рече: Сфаќањето дека може да се создаде власт со „креирање настан и со насилство почна да го руши човечкиот ум и светот се претвори во средина во која не се живее“.
Проф. д-р Изети, кој го честиташе турскиот народ поради одговорот што го даде на обидот за пуч и за нив посака милост од Бога, потоа изјави дека „Народот покажа како сфаќањето за слобода застана пред оружјето и напиша поема за светот.
Изети, кој рече дека без да се разликуваат идеи, луѓе од различни политички погледи, таа вечер во улиците ја бранија националната волја, изјавуваше дека „Овој настан е еден од најважните настани во историјата на светот и дека претставува тема што од аспект на политичката филозофија треба многу длабоко да се аналиира“.
„Постои еден проблем како ФЕТО и ова е една антитеза, во овие случаи треба да си ја наведеме тезата. Од каде произлезе оваа терористичка оргнизација, како се зајакна толку, кои се нашите слабости, како треба да се движиме и треба да им ги најдеме одговорите на прашања кои ги згрешивме“ – рече Изети, и додаде дека ова не е работа на некое верско друштво и тие што го направија ова, не се верско друштво.
Изети нагласи дека од направениот обид за државен удар од страна на лицата во облик на припадници на верско друштво, најголемата штета е за исламското сфаќање. „Треба да соопштиме дека секогаш сме со демократијата. Каде и да има ние секогаш сме против овие настани, никако не ги поддржуваме и на некој начин ќе возвратиме за ова.“ – рече Изети.
Изети пренесе дека последните 10-15 години Турција особено и често обврнува внимание на Балканот, затоа овој народ тука повеќе почна да обврнува внимание на Турција. Како лица, што размислуваат, што го искористуваат светот, штто ја чувствуваат состојбата на своите комшии и блиски, обавезно треба да бидеме со демократијата и да бидеме солидарни.
Изети своите зборови ги заврши вака: „Многу е важно сфаќањето на Управата за верски работи, звуците на тенковите да се прекинат со езани. На овој начин, никогаш не треба да го заборавиме ставот на верата спрема насилството и верата е лек за човечката душа“.