Ekipa
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Припадниците на опозицискaта Сириска слободна армија (ССА) во акција против терористичката организација ДАЕШ, дојдоа до центарот на Џарабулус, на границата помеѓу Турција и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според воени извори, во тек е акцијата „Штитот на Еуфрат ” којашто Турските вооружени сили (ТСК) ја покренаа утринава со цел неутрализирање на теористичките елементи на ДАЕШ во северниот дел на Сирија. На територијата на Сирија влегоа и турските тенкови.
Припадниците на Сириската слободна армија во рамките на оваа акција го зазедоа селото Кеклиџе, кое од турската граница со Сирија е оддалечено околу три километри. Потоа следеше напредување сè до центарот на Xарабулус.
Во тек се судирите меѓу припадниците на ССА и ДАЕШ. Позициите на ДАЕШ ги напаѓаат со артирелија од пограничните подрачја како и од воздух.
Турските вооружени сили акцијата ја започнаа четири часа по полноќ по локално време, а целта на акцијата е да се расчисти границата од терористичките елементи и да се зголеми безбедноста во пограничниот појас.
Планот на акцијата е истовремено да се поддржи територијалната целосност и суверенитет на соседна Сирија, во која сè повеќе територии се контролирани токму од ДАЕШ.
Активната борба на Турските вооружени сили против ДАЕШ претставува важен придонес и за борбата која против истиот глобален непријател ја води меѓународната коалиција.