Fatjon Prronı
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
РИМ (AA) - Бројот на загинатите во земјотресот во Италија кој зголемен е на 73, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилната заштита на Италија соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот е со јачина од 6,2 степени зголемен е на 73.
Се додава дека 53 лица го загубија живото во местата Ачумоли и Аматриче, додека во местото Аркуата неле Марче животот го загубија 20 лица.
Премиерот на Италија Матео Ренци претходно изјави дека наскоро ќе ги посети подрачјата погодени од земјотресот.
Порача дека Владата на Италија ќе им помогне на жителите во местата погодени од земјотресот.
Министерот за внатрешни работи Анџелинио Алфано рече дека во екипите за барање и спасување се наоѓаат 219 лица, а дека ќе им помогнат дополнители 276 спасувачи.
Централниот регион на Апенинскиот Полуостров низ историјата доживеа неколку сериозни земјотреси.
Во еден таков земјотрес со магнитуда од 6,3 степени, кој се случи во 2009 година кај градот Л’Аквила, загинаа најмалку 295 лица, повредени беа над илјада лица, а 55.000 останаа без покрив над глава.